ДИК: До 9 часот илезеноста на изборите 5,25 отсто

2 mins read

На сите избирачки места почна гласањето на време. Имаше технички проблеми на неколку избирачки места во Скопје и на неколку избирачки места низ земјава.

-Сите тие проблеми сега се решени и гласањето продолжува. Таму каде беше прекинато гласањето повеќе од еден час, ќе продолжи за толку колку што е прекинато, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Тој информира дека излезноста до 9 часот е 5,25 отсто, односно гласале 56.700 гласачи. Во општина Ранковце процентот на излезност е 15,23, Конче -14,28, Пехчево – 13,73, Лозово – 11,89, Зелениково -11,74, Кратово – 11,02, Пробиштип – 10,94, Демир Хисар – 10,88, Вевчани – 10,51, Ресен – 9,18, а во другите општини излезноста е под 10 отсто.

Одговарајќи на новинарско прашање, Даштевски рече дека технички проблеми имало на едно избирачко место во Кисела Вода, едно во Карпош, на две места во Сарај и едно во Центар. Низ државата технички проблеми имало во Злетово на три места, Македонски Брод, во Лабуништа во Струга и во Чешиново – Облешево. Појасни дека главната причина било тоа што не работеле мемориските картички, се смениле со други, на неколку места имало различни податоци, но биле средени софтверски од ИКТ инженерите.

Се гласа во вкупно 44 општини и во Град Скопје, како посебна едница на локална самоуправа. Право на глас имаат 1.353.990 избирачи на 2481 избирачко место. Повторување на гласањето за градоначалник и за совет има на едно избирачко место (0543) во Дебар, а се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на Совет. Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври.

За вториот круг од Локалните избори 2021 акредитирани се вкупно 1.598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ако страдате од мигрена, никако не консумирајте ги овие намирници!

Следно

Нови проблеми за Барселона, Агуеро ноќта ја помина во болница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian