Денеска се гласа на вториот круг од локалните избори

2 mins read

Во вториот круг од седмите Локални избори денеска ќе се гласа за градоначалници во вкупно 44 општини на 2481 избирачко место. Право на глас во овие општини имаат 1 353 990 избирачи.

Повторување на гласањето за градоначалник и за совет ќе има на едно избирачко место (0543) во Дебар, а ќе се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет. Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври.

Нема да има гласање за градоначалник во Маврово-Ростуше и Центар Жупа каде што не беше исполнет законскиот цензус на гласање во првиот круг од изборите односно не излегоа најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список. За овие две општини ДИК ќе ја извести Владата, а потоа во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се организира повторување на гласањето за градоначалник согласно Законот за локална самоуправа. Членови на советот се избрани бидејќи за нив не е потребен цензус.

Гласањето започнува во 7 часот и ќе трае до 19 часот. Првпат на овие избори идентитетот на гласачите се утврдува со терминали за вчитување на отисоци од прсти т.н. фингерпринти, а исто така, како и на минатите избори, се применуваат општите мерки за заштита од Ковид-19.

Во вториот круг од Локалните избори ќе се гласа за градоначалници во општините:

  • Арачиново,
  • Битола,
  • Боговиње,
  • Брвеница,
  • Василево,
  • Вевчани,
  • Врапчиште,
  • Гевгелија,
  • Гостивар,
  • Дебрца,
  • Демир Капија,
  • Демир Хисар,
  • Долнени,
  • Желино,
  • Зелениково,
  • Карпош,
  • Кичево,
  • Конче,
  • Кочани,
  • Кратово,
  • Куманово,
  • Лозово,
  • Македонска Каменица,
  • Македонски Брод,
  • Ново Село,
  • Охрид,
  • Пехчево,
  • Пробиштип,
  • Радовиш,
  • Ранковце,
  • Ресен,
  • Росоман,
  • Старо Нагоричане,
  • Струга,
  • Студеничани,
  • Теарце,
  • Тетово,
  • Центар,
  • Чаир,
  • Чашка,
  • Чешиново-Облешево,
  • Чучер Сандево,
  • Шуто Оризари и
  • Град Скопје.

Во првиот круг од гласањето беа избрани 32 градоначалници, како и членовите на општинските совети.

ДИК: Ден пред изборите гласаа 6710 болни, немоќни, лица со Ковид-19 и затвореници

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ реализираше важен проект во земјите од регионот, помеѓу кои и Македонија!

Следно

Денес претежно сончево, од утре следат промени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian