Алегри: Реалноста е дека Јувентус е тим за средината на табелата

1 min read

Фудбалерите на Јувентус по само 11 натпревари во Серија А се простија од титулата, тие имаат 13 бода помалку од лидерскиот двоец Наполи и Милан кои денеска имаат можност оваа предност да ја зголемат за дополнителни три бода.

Последното разочарување за своите навивачи, фудбалерите на „старата дама“ им го приредија со вчерашниот пораз од 2:1 на гостувањето кај Верона.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, јавно призна дека неговиот тим е далеку од борбата за титулата и побара од навивачите да се соочат со реалноста.

– Бесмислено е било што да се зборува во овие моменти. Се наоѓаме во лоша ситуација и мора да ја прифатиме реалноста дека моментно сме тим за средина на табелата. Можеме да излеземе од оваа ситуација со квалитетна работа – изјави Алегри кој верува дека неговиот тим ќе ја прекине серијата на лоши натпревари.

– Имаме добар тим, но работите во фудбалот не секогаш се случуваат како што е планирано. Мораме одлучно да реагираме. Ќе се извлечеме од оваа ситуација но потребно е да се фокусираме на тоа што треба да го направиме – додава Алегри.

Јувентус во последни три кола во Серија А има скор од два порази од Верона (1:2) и Сасуоло (1:2) како и реми против Милан (1:1) и во наредниот натпревар во домашниот шампионат играат против Фиорентина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Прес конференција на ДИК – досега 109 прифатени приговори

Следно

Вучиќ најави зголемување на платите за 7-8 отсто, а пензиите за 5,5 отсто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian