Ако страдате од мигрена, никако не консумирајте ги овие намирници!

3 mins read

Од мигрени боледуваат речиси 20 отсто жени и 6 отсто мажи. Најчесто се јавуваат помеѓу 20-та и 40-та година од животот, но може да се појават и во детството и во постарата возраст.

На појавата на мигрената влијаат и на зачестеноста на мигрените влијае и консумирањето одредени видови храна.

Кај некои лица одредени производи може да предизвикаат главоболка. Многу од нив ќе предизвикаат главоболка по јадењето, но понекогаш може да помине дури ден и пол пред да дојде до напад на главоболка, а тука станува збор за производи кои предизвикуваат главоболка дури по преработката во црниот дроб.

Производите како црвено вино, пиво, зрели сирења, темната чоколада, кафето, чајот, мрсната храна, месото од дивеч, школките, сушеното месо и сушената риба, јадењата со црн дроб, агрумите – особено лимонот, грејпфрутот и портокалот може да поттикнат мигрена.

Тука е и храната што содржи оцет и квасец, како и нитритите и мононатриумот глутамат (состојка на кинеската храна), кои се користат како конзерванси. Нитратите и нитритите може да се најдат во производите од растително и животинско потекло, а ги има во целерот, цвеклото, спанаќот, зелената салата. Како конзерванси и боила се користат во производството на сланината, колбасите и останатите месни преработки.

Стари (созреани) сирење и други видови на храна кои во себе носат тиранин. Тиранинот е супстанција која природно може да се најде во одреден вид храна. Како храната сè повеќе старее, доаѓа до разградување на протеинот, како и до настанување на оваа супстанција. Воопшто говорејќи, колку што е повеќе храната богата со стар протеин, се зголемува и количината на тираминот. Кога станува збор за сирењето, неговата застапеност исклучително се разликува доколку е во прашање некој друг вид на храна, и тоа пред сè, поради варирањето во процесот на обработката, ферментирањето, стареењето, па дури и начинот на влошување под дејството на бактериите. За лицата кои за лекување на главоболката земаат инхибитор, многу е важно да ги избегнуваат сите видови на храна која во себе содржи тирамин. Се мисли, пред сè, на старото сирење, црното вино и алкохолните пијалаци, како и на некои видови преработено месо.

Еден од поттикнувачите на главоболката е и хипогликемијата или намаленото ниво на гликоза во крвта, до која може да дојде ако сте прескокнале еден оброк и подолго време не сте јаделе, па внимавајте никако да не ги прескокнувате оброците!

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Полицијата го обезбедува гласачкото место непрекинато до завршување на изборите

Следно

ДИК: До 9 часот илезеноста на изборите 5,25 отсто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian