Џабе е најбогат клуб на светот, Њукасл не може да најде тренер

1 min read

Саудискиот инвестициски фонд на почетокот од месецов го купи англискиот премиерлигаш Њукасл за 350 милиони евра, но веднаш се соочи со огромен проблем, не може да најде тренер.

Саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман е вистинскиот сопственик на Њукасл и не крие дека сака да „загосподари“ во фудбалот, и за таа цел нема намера да штеди пари, а прва работа која треба да ја направи е да најде тренер, но засега потрагата не оди според очекувањата.

Веднаш по преземањето на клубот од страна на Саудискиот инвестициски фонд беше отпуштен Стив Брус по што веднаш започна потрагата по него наследник и засега работите не одат според предвидениот план.
Големите тренерски имиња не сакаат да седнат на „жешкото“ столче без разлика на големите пари кои им се нудат.

Според британски „Мирор“ досега понудите да седнат на клупата на Њукасл ја одбија Жозе Мурињо, Стивен Џерард, Ерик тен Хаг, Андреа Пирло, Брендан Роџерс, Антонио Конте…. и предвидува дека оваа листа ќе се зголемува доколку работата им се понуди на звучни тренерски имиња.

Како една од главните причини за одбивање на понудата е неизвесноста дали Њукасл ќе успее да остане во Премиер лигата бидејќи моментно се наоѓа на претпоследното место на табелата со само четири освоени бодови, а со тоа ќе биде многу тешко да се убедат ѕвездите да дојдат на „Сент Џејмс Парк“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Момчето на Цеца против празнување на Ноќ на вештерките: Да им забраниме на децата да го слават

Следно

Што значат астролошките куќи во наталната карта?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian