Во Кичево гласаа 438 болни и изнемоштени лица и 12 со коронавирус

1 min read

Во  општина Кичево заврши гласањето на болни и изнемоштени лица кои побараа своето избирачко право да го остварат во домашни услови.

Теанула Станкоска од ОИК за општина Кичево соопшти дека во двата изборни круга имале  464 лица чии барања беа прифатени да гласаат во домашни услови, од кои 438 во текот на денот го искористија своето право на глас. Пријавени биле и 15 болни од КОВИД-19 и во изолација.

– Во  пладневните часови на терен излезе екипата од здравствени работници составена од еден лекар и две медицински сестри, кои ги посетија болните од КОВИД-19 и во изолација, што се пријавиле да гласаат во домашни услови. Од 15 прифатени барања,  гласале 12 лица, додека три лица биле хоспитализирани во болнички услови, истакна Станкоска.

Сите пријавени за гласање со коронавирус се од Кичево, додека меѓу болните и изнемоштени лица пријавени за домашно гласање, покрај од градот голем дел се и од кичевските села.

Во општина Кичево ќе гласаат вкупно 50 702 избирачи на 114 избирачки места

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Протести во Рим: „Рамо до рамо“ работници, климатски активисти, комунисти“

Следно

ВИДЕО: Фрајбург сонува ЛШ, Баерн го заборави срамот и пукна „петарда“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian