ВИДЕО | Снимка од изборен поткуп на гласачи во Ѓорче Петров

1 min read

Порталот „А1он“ објави снимки на кои се гледа како група Роми, жители на Ѓорче Петров, оставаат лични карти на еден ден пред вториот изборен круг. Неофицијално, станува збор за поткуп, непосредно пред изборниот ден, за време на изборниот молк.

На снимките се гледа и како се прават копии од нивните лични документи, кои потоа биле задржувани. Неофицијално, биле давани пари во кеш, за да го гарантираат нивниот глас дека ќе биде даден за кандидатка на изборите за градоначалници.

Како што објави „А1он“, полицијата е известена и постапува, а информации се најавуваат за подоцна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меркел: Зголемувањето на бројот на новозаразени треба да нѐ загрижи сите

Следно

Жените во историјата и историографијата на жените во периодот меѓу двете светски војни

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian