Фудбалерите на Челси ја зголемија предноста на врвот на табелата во Премиер лигата, откако во 10 коло како гости го совладаа Њукасл со 3:0. Нивните најголеми ривал се сопнаа – Манчестер сити дома поразен од Кристал Палас со 2:0, а Ливерпул одигра само 2:2 со Брајтон на својот „Енфилд“.
Челси долго се мачеше на „Сент Џејмс Парк“, но на крајот стигна до голови и три нови бода со што тимот на Томас Тухел се зацврсти на првото место на табелата. Рис Џејмс им донесе предност на „сините“ во 65 минута, а 12 минути подоцна истиот играч го удвои водството на гостите. Конечниот резултат го постави Жоржињо во 81. минута од пенал.
Ливерпул иако водеше со 2:0 против Брајтон пред своите навивачи, на крајот не успеа да ја задржи предноста.
Манчестер сити изненадувачки загуби на својот „Етихад“ од Кристал Палас, погодоците за гостите ги реализираа Заха и Галагер, а помеѓу тие два гола „граѓаните“ останаа со еден играч помалку на теренот поради црвениот картон на Лапорт.
Премиер лига, 10. коло:
Сабота:
Лестер – Арсенал 0:2
Барнли – Брентфорд 3:1
Ливерпул – Брајтон 2:2
Манчестер сити – Кристал Палас 0:2
Њукасл – Челси 0:3
Ватфорд – Саутемптон 0:1
Табела:
1. Челси 25 бодови
2. Ливерпул 22
3. Манчестер сити 20
4. Вест Хем 17
5. Арсенал 17
—