Доцна синоќа во НБА лигата кошаркарите на Денвер го совладаа Далас со 106:95, кај домаќините се врати српскиот центар Никола Јокиќ кој се врати во игра после повредата во минатиот натпревар.
Јокиќ не беше најефикасен во својата екипа, за нешто повеќе од 25 минути игра на паркетот имаше „дабл-дабл“ учинок од 11 поени и 16 скокови, запиша и осум асистенции.
Прв стрелец беше Вил Бартон со 17 поени, а во редовите на Маверикси Лука Дончиќ постигна 16 поени, со лош процент на шут од игра 6/18), додаде шест скокови, четири асистенции и две украдени топки.
После трите победи по ред, ова е втор пораз за Далас и моментно осмо место во Западната конференција, а Денвер кој исто така има учинок 3-2 се наоѓа на петтата позиција.
Џејмс Харден го водеше Бруклин до триумф над Индијана (105:98) реализирајќи 29 поени, по осум скокови и асистенции. За Пејсерси доминираше Тори Крег со 28 поени и 11 скокови.
НБА лига, резултати –
Торонто – Орландо 110:109
Бруклин – Индијана 105:98
Мајами – Шарлот 114:99
Њу Орлеанс – Сакраменто 109:113
Денвер – Далас 106:95
Портланд – ЛА Клиперс 111:92
ЛА Лејкерс – 113:101