ВИДЕО: Храбриот Елче падна пред Реал, Винисиус е во одлична форма

3 mins read

Фудбалерите на Реал Мадрид се вратија на победничките патеки со 2:1 гостувањето кај Елче во натпреварот од 12 коло на шпанската „Ла Лига“, кој го одбележаа двојниот стрелец Винисиус Јуниор и многу храбар домаќин.

Реал поведе во 22 минута по реализацијата на Винисиус по одличното додавање на Маријано Дијаз, кој го почувствува движењето на Бразилецот и го пронајде со пета.

Елче имаше и два солидни обиди да дојде до погодок и јасно им стави до знаење на гостите од Мадрид дека сака да се надигрува. Најдобрата прилика ја имаше Лукас Перез во 39 минута кога очајно шутираше по додавањето на Хавиер Пасторе.

Марсело го имаше првиот обид во вториот дел, но топката заврши во корнер по обидот на бразилскиот дефанзивец. Реал очигледно влезе во продолжението од мечот со намера што побрзо да стигне до вториот гол и практично да го реши прашањето за победникот.

За Елче следуваа проблеми по вториот жолт картон и исклучувањето на Раул Гути во 64 минута по невнимателен старт врз Тони Крос. Домаќинот не се предаде и покрај играчот помалку, па до крајот на мечот нападна со двајца напаѓачи и ја загрози одбраната на Реал по крилните позиции.

Сепак, Винисиус стави точка на натпреварот во 73 минута, кога по асистенцијата на Лука Модриќ брилијантно го „матираше“ Касиља и докажа дека е во врвна форма.

По вториот гол на Винисиус, натпреварот влезе во помирна фаза и се чинеше дека со овој резултат ќе заврши истиот, а потоа Каземиро испрати очајно додавање, кое го пресече Бенедето и го пронајде Пере Миља, кој рутински го совлада Тибо Курта во 86. минута и се погрижи за неизвесна завршница на крајот од мечот.

Последната шанса Елче ја имаше во третата минута од продолжението кога Едер Милитао направи прекршок за „скратен корнер“, но двајца играчи на домашниот тим не се снајдоа најдобро при скокот и Реал го спаси триумфот.

„Кралскиот“ клуб се израмни на табелата со Реал Сосиедад на врвот и сега двата тима имаат по 24 бода, додека Елче е на 15 позиција со 10 бода.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Македонски Брод гласаа 120 болни и изнемоштени граѓани

Следно

Во што вистинска дама ќе ги инвестира последните пари: Работи вредни за секој денар!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian