ВИДЕО: Фрајбург сонува ЛШ, Баерн го заборави срамот и пукна „петарда“

1 min read

После срамот и елиминацијата од 5:0 во Купот на Германија против Борусија Менхенгладбах, Баерн Минхен брзо се крена и токму со „петарда“ се врати на победничките патеки.

Без тренерот Јулијан Нагелсман на клупата, Баварците го победија Унион во Берлин со конечен резултат 5:2 во рамките од 10 коло во Бундеслигата.

Роберт Левандовски, како и обично, двапати се запишува во листата на стрелците, еднаш на 15, а втор пат осум минути подоцна од слободен удар. Лирој Сане во 35 минута зголеми на 3:0, а Нико Гиселман пред паузата ја намали негативата на домаќините.

Кингсли Коман погоди во 61 минута, четири минути подоцна Јулијан Рајерсон постигна гол за Унион Берлин, но дилемата околу прашањето на победнико ја реши Томас Милер во 79 минута.

Во другите мечеви оваа рунда: Арминија Билефилд – Мајнц 1:2, Баер Леверкузен – Волфсбург 0:2, Борусија Дортмунд – Келн 2:0, Фрајбург – Гројтер Фурт 3:1.

На табелата води Баерн со 25 бодови, еден повеќе од Дортмунд на втората позиција, а трет е големото изненадување сезонава Фрајбург (22) кој останува единствен без пораз.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Кичево гласаа 438 болни и изнемоштени лица и 12 со коронавирус

Следно

ФОТО | Мадона повторно шокира: „Madame X“ е Мерлин Монро на смртна постела, во борба контра контроверзата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian