Талибанците убија две лица бидејќи пуштале музика на свадба

1 min read

Талибанските борци застрелаа двајца гости на свадба затоа што пуштале музика, изјавија во саботата локалните лидери и очевидци, потег што го осуди талибанската влада.

Лице блиско до жртвите за западните агенции изјавија дека откако забележале дел од сватовите на свадбата како слушаат авганистанска музија талибанската милиција пукала и убиле две лица, а раниле уште две.

Талибанци
Талибанци / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Талибанците ја забранија секаква музика која не е од религиска природа уште од времето на претходниот режим на талибанското владеење во периодот од 1996 до 2001 година.

Иако новата исламистичка влада сè уште нема донесено никаков закон за ова прашање, сепак верува дека нерелигиозната музика не е во согласност со исламскиот закон.

„Млади луѓе пуштаа музика во друга соба, дојдоа тројца Талибанци пукаа во нив. Двајца од ранетите се во тешка состојба“, изјави очевидец.

Кази Мула Адел, портпарол на локалната власт на провинцијата Нангархара, го потврди инцидентот без да даде други детали.

Талибанци. / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Портпаролот на владата во Кабул, Забихулах Муџахид не ја потврди веродостојноста на инцидентот, но додаде дека новите талибанците не го одобруваат таквото насилство.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Мадона повторно шокира: „Madame X“ е Мерлин Монро на смртна постела, во борба контра контроверзата

Следно

ВИДЕО: Пораз на Сити, реми на Ливерпул, Челси со триумф им побегна на ривалите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian