Сеќавање на легендарниот Марадона: Интересни факти за аргентинскиот „Бог на фудбалот“

4 mins read

На денешен ден, 30 октомври 1960 година, беше роден според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња – легендарниот Диего Армандо Марадона.

Денеска ќе го славеше својот 61 роденден, за едни најдобар на сите времиња, мајстор и праведен човек, а за други голем грешник и измамник. Во секој случај, остави неизбришлива трага во најважната споредна работа на светот.

Беше стрелец на најконтроверзниот гол во историјата на фудбалот наречен „Божја рака“ на Светското првенство во Мексико 1986 година против Англија, а подоцна се закити и со титулата.

Марадона почина на 25 ноември 2020 година во Тигре, првично беше објавено дека починал од срцев удар, обдукцијата покажала дека причината било акутен белодробен едем кој бил предизвикан од слаба функција на срцето. Самата обдукција воедно утврди дека срцето на Марадона било зголемено и слабо, и го отежнувало пумпањето крв во остатокот од неговото тело.

Прославениот фудбалер почина неколку недели откако му беше извршена операција на мозокот. Државното обвинителство го истражува случајот со неговите лекари, тврдејќи дека имало сериозни грешки, а под истрага се неговиот личен лекар, психијатар и персоналот што се грижеле за него за време на закрепнувањето.

Ви претставуваме помалку познати факти од животот и кариерата на овој неверојатен фудбалски волшебник:

– Неговото целосно име е Диего Армандо Марадона Франко.

– Роден е на 30 октомври 1960 година во Вила Фиорито.

– Имаше седум браќа и сестри.

– Првата фудбалска топка ја доби за третиот роденден, од вујко му.

– Неговиот прекар е „El pibe de oro“ – Златното момче.

– Потпиша за Бока јуниорс на 21 година и во истата сезона ја освои титулата аргентински шампион, единствениот клупски трофеј во неговата родна земја.

– Марадона се пресели во Барселона во 1982 година и го собори рекордот откако трансферот вредеше 7,6 милиони долари.

– Како еден од најубавите моменти во кариерата го истакна голот против Црвена звезда во Белград во октомври 1982 година кога го лобуваше голманот Александар Стојановиќ. 90.000 гледачи на стадионот му аплаудираа.

– На „Ел Класико“ одиграно во 1983 година, тој постигна гол за победа на Реал и стана првиот играч на Барселона во историјата на кого навивачите на Реал му аплаудираа.

– Во Наполи играше од 1984 до 1991 година, а поради сè што направи во Неапол, дресот со број 10 беше повлечен од употреба.

– Во текот на кариерата одигра 680 натпревари и постигна 345 голови.

– Беше под 15-месечна суспензија поради употреба на кокаин.

– За првпат се ожени со Клаудија Вилафане во 1989 година. Имало 1.200 поканети, а гостите ги забавувале 80 музичари. Во свадбената торта биле скриени 99 златни прстени.

– Во светот има десетина цркви кои го носат името на Марадона.

– За Марадона беа испеани десетина песни, од кои најпозната е „Кога би бил Марадона“, од Ману Чао.

– Ниту еден спортист во светот нема таков божествен статус како што има во Аргентина.

– Често изразуваше симпатии кон Југославија и Србија. Тој беше одличен пријател со Емир Кустурица, кој сними филм за него, и со Новак Ѓоковиќ.

– Играше за Бразил! Во сон! Тоа всушност беше кошмар! Всушност, реклама!

ВИДЕО: Славеше како Диего Марадона – се случи нова „Божја рака“ во Италија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Како последица на коронавирусот: Почина 23-годишна девојка во Велес

Следно

Товарниот брод со околу 400 бегалци и мигранти сè уште плови во Егејското море

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian