Прва лига: „Романтично“ во Велес, Македонија ЃП ја продолжи кризата на Пелистер

1 min read

Денеска се комплетираше 12 коло во Првата македонска лига со пет натпревари од кои три завршија без победник.

Битолски Пелистер останува без триумф единствениот сезонава, овојпат загуби и од Македонија ЃП со резултат 0:2. Стрелци на головите за гостите беа Емини во третата и Филиповски во 37 минута од средбата.

Победничка е атмосферата и во редовите на Работнички кој на теренот во Велес го совлада Борец (0:1). Стрелец на единствениот гол за „романтичарите“ го реализираше Тодоровски во 63 минута.

Мируваа мрежите на дуелите Скопје – Ренова и Струга Трим Лум – Академија Пандев, а ремизираа и екипите на Шкендија и Тиквеш.

Пред паузата тетовските „црвено-црни“ дојдоа во водство преку Рамадани (44`), а кавадаречкиот клуб израмни во 83 минута кога мрежата на Захов ја затресе српскиот интернационалец Митровиќ.

Прва лига
12. коло, резултати –

Сабота –

Борец – Работнички 0:1
Скопје – Ренова 0:0
Пелистер – Македонија ЃП 0:2
Шкендија – Тиквеш 1:1
Струга Трим Лум – Академија Пандев 0:0

Петок –

Шкупи – Брегалница 5:0

Табела: Шкупи 29 бодови, Ренова 22, Академија Пандев 22, Брегалница Штип 19, Шкендија 18, Работнички 18, Струга Трим Лум 16, Скопје 16, Македонија ЃП 14, Борец 8, Тиквеш 7, Пелистер 4.

Шкупи „гази“ во Првата лига, пукна „петарда“ во мрежата на Брегалница

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Регистрирани 495 новозаболени од ковид- починаа 13 лица

Следно

Прада е легендарен бренд: Мјуча Прада добива награда за животно дело

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian