Протести во Рим: „Рамо до рамо“ работници, климатски активисти, комунисти“

1 min read

Во Рим попладнево почнаа протестите против самитот на Г-20, мерка за борба против короната, но и со барања за продолжување на борбата против климатските промени. Светските медиуми наведуваат дека ова е одлична можност да се соберат на едно место во знак на протест работниците во фабриките, климатските активисти, антиглобалистичките активисти, синдикатите, феминистичките групи, комунистите, а можеби и неонацистите.

Оваа година се одбележува 20-годишнината од самитот на Групата 8 чиј домаќин беше Италија во северниот град Џенова, кој беше нарушен со немири. Тоа е и момент на тензија меѓу властите и противниците на барањето на италијанската влада за вакцинација против коронавирусот, што резултираше со насилни судири.

„Нивото на внимание е максимално“, рече Џовани Борели, претставник на локалната власт, додавајќи дека 5.500 дополнителни службеници за спроведување на законот биле распоредени овој викенд.

Климатските демонстранти накратко организираа седење во саботата наутро на главната авенија што води кон Г20, но не пружија отпор кога полицијата насилно ги отстрани. А организаторите на саботните протести ветија дека нема да има насилство.

На една од локациите каде што беа демонстрантите во Рим, можеше да се види голем транспарент на кој пишуваше: „Вие Г20, ние иднината“. Протестите се очекува да продолжат утре, а потоа заедно и противниците и лидерите да се преселат во Глазгов, Шкотска, каде во понеделник започнува климатската конференција COP26. Засега не е познато колку безбедносни сили ќе бидат распоредени на теренот во Шкотска во текот на 13-те дена од оваа конференција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прада е легендарен бренд: Мјуча Прада добива награда за животно дело

Следно

Во Кичево гласаа 438 болни и изнемоштени лица и 12 со коронавирус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian