Предлог за оваа Ноќ на вештерките: „Malignant“, толку апсурден што е брилијантен

4 mins read

Октомври е месец на хорор филмови, а непосредно пред Ноќта на вештерките, секој од нас е по потрага по нешто што би се вклопило во морничавата атмосфера. Но доколку сакате да погледнете филм ќе ве шокира, а воедно и изнасмее, додека на екранот гледате локви крв и бизарни пресврти, „Malignant“ е филмот за кој вреди да одвоите 111 минути од вашата вечер.

Снимен според сценарио на Акила Купер, „Malignant“ е во режија на Џејмс Ван кој на публиката и е познат како режисер на „Insidious“, креатор на „The Conjuring Universe“ и ко-креатор на франшизата „Saw“. Главните улоги во филмот ги толкуваат Анабел Валис, Меди Хасон, Џорџ Јанг и Жаклин Сузан МекКензи, а филмот е достапен на HBO Max.

Што е вистина, а што е имагинација во „Malignant“?

Дваесет и седум години по бруталниот инцидент во Истражувачката болница „Симион“, „Malignant“ не пренесува во болница во денешен Сиетл, каде бремената Медисон се буди откако ќе биде физички нападната од својот сопруг. Но, нејзиниот терор допрва почнува. Од моментоот кога се враќа во својот дом, Медисон почнува да страда од паразлизирачки визии од убиства што сè повеќе и повеќе ѝ го попречуваат нормалниот живот.

На површина излегуваат и фрагменти од нејзиното нејасно минато, што ја збунуваат и неа и локалните детективи. Но, дали овие насилни убиства се плодови на имагинацијата на Медисон, или пак реалност? Некој успева да ги поврзе нејзиното минато и сегашност, барајќи одмазда, но дали е тој некој реален, или пак се наоѓа во нејзината глава? За да дознаете, ќе треба да го погледнете филмот.

Малигнант
Malignant/Instagram
Малигнант
Malignant/Instagram
Малигнант
Malignant/Instagram
Малигнант
Malignant/Instagram

„Malignant“ ги поларизираше ставовите на критичарите и публиката

Иако е тешко да се опише „Malignant“ како особено страшен, филмот сепак нуди неизвесност и возбуда, што го одреден процент е и резултат на одличната музика на Џозеф Бишара.

Но, „сомнителната“ глума на актерите и шокантниот заплет на филмот ја подели публиката на оние што се изреволтирани, означувајќи го филмот како „разочарувачки и неверојатно глупав“, и оние кои бргу сфатија дека филмот воопшто не се сфаќа себеси сериозно, затоа што и не е. Според вториве, „Malignant“ е брилијантен филм што несомнено ќе отвори многу прашања во вашата глава, на кои можеби и никогаш нема да најдете одговор.

Малигнант
James Wan/Instagram

Оваа campy хорор-комедија, делумно инспирирана од хорор филмовите од 80-тите, е толку апсурдна и претерана во апсолутно сè, што ќе се фатите себе си како прснувате во смеа и на сцени кои вообичаено во хорор филмови не се воопшто смешни. Но, сето ова би требало да добие нова димензија доколку ни стане јасно дека Џејмс Ван го одбира овој правец намерно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Malignant (@malignanthemovie)

Сепак, кога станува збор за ваков тип на филмови, потребно е да ги отфрлите сите очекувања дека ќе гледате ремек дело, инаку лесно ќе бидете разочарани. Доколку ѝ дозволите на бизарната наратива да ве вози без потреба да барате логични одговори, несомнено ќе уживате во она што го гледате…што и да е тоа. Но, доколку очекувате сериозен, длабок и страшен психолошки хорор за оваа Ноќ на вештерките, обидете се со друг избор.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Пораз на Сити, реми на Ливерпул, Челси со триумф им побегна на ривалите

Следно

САД, Париз, Берлин и Лондон изразија загриженост поради нуклеарната активност на Иран

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian