Прада е легендарен бренд: Мјуча Прада добива награда за животно дело

5 mins read

Мјуча Прада важи за неуморен дизајнер континуирано инспириран од љубопитноста и вниманието кон модата, уметноста, науката, архитектурата и религијата. Како сеопфатен уметник кој непрестано делува на полето на модата, Мјуча Прада ќе добие награда за животно дело од „WWD“.

Нејзината жед за знаење и силен интерес за што се случува низ светот важат за инспирација на дизајнерката веќе долги години. Сета длабочина на нејзиното делување потоа неоспорливо се пренесува како влијание на модата и следствено, на нејзиното делување низ светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WWD (@wwd)

Прада знае за што размислува, на што е концентрирана и колку е одлучна, и на тој начин континуирано се осмелува да експериментира со нови, храбри и револуционерни колекции секоја сезона, додека успева да ја одржи впечатливата и автентична естетика на брендот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prada (@prada)

Нејзините дизајни честопати беа сместени некаде помеѓу категории, од минималистички до „грд-шик“ или „винтејџ-дамски шик“, и покрај нејзиното континуирано нишање на нова територија со секоја непредвидлива и бескомпромисна колекција. Таа создаде „ретро револуција“ со нејзиниот носталгичен изглед на ученичка, и беше пионер во истражувањето на луксузот во спортската облека. На нејзиниот буржоаски изглед додаде инвентивни холографски дезени или кичест допир и си поигра со тропските принтови на банани и мајмуни, како и со концептот на униформи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prada (@prada)

Дизајнерката го создаде и брендот Миу Миу, насловен по нејзиниот личен надимак, кој го лансира во 1993 година. Со текот на времето марката прераснува во амбасадор на женската самостојност, моќ, индивидуалност и на свој начин формира култ. За поедноставна поделеност и разликување меѓу двата бренда ќе презентира со Миу Миу во Париз, додека Прада го држи модното тло во Милано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prada (@prada)

И покрај нејзиниот успех, Прада поприлично успева да ја одржи приватноста. Резервирана и срамежлива, низ нејзината појава зрачат само неколку лични детали – како на пример, нејзината страст за винтиџ накит. Во средината на 70-тите, таа започнува да работи на додатоците во компанијата на нејзиното семејство, првпат основана од нејзиниот дедо Марио Прада како компанија за багаж и додатоци во 1913 година – а предводникот во луксузната шопинг сфера во Милано „Galleria Vittorio Emanuele II“ останува како потсетник на тие рани денови, со своите оригинални полици од махагони и вкусот од почетокот на 20 век.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IVHINA MOJICA (@mojica_vhina)

Докторира политички науки на Универзитетот во Милано, а во средината на 70-тите студира мимика во градскиот театар Пиколо кај починатиот легендарен режисер Џорџо Штрелер. Во текот на политичките пресврти во 70-тите, таа е членка на Сојузот на Италијански Жени и се занимава со кампањи, дистрибуирајќи летоци додека на себе носи Ив Сен Лоран. Таа го запозналва својот сопруг Патрицио Бертели, кој исто така имал бизнис со кожни производи, на саем и честопати вели дека благодарение на него се впуштила во тоа да се занимава со облека. Првата ревија за женска линија на Прада се одржува за сезоната есен/зима 1988 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reforma Moda! (@modareforma)

Двајцата ја делат улогата на извршен директор и заедно градат модна компанија која минатата година достигна продажба од 2,42 милијарди евра и која котира на берзата во Хонг Конг од 2011 година. Силните перформанси во нејзиниот малопродажен бизнис достигнаа троцифрен процентуален раст на својот онлајн канал и солидната добивка на азиско-пацифичкиот и американскиот пазар, што ѝ помогнаа на компанијата да се врати во добра позиција на пазарот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Style Call (@style.call)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прва лига: „Романтично“ во Велес, Македонија ЃП ја продолжи кризата на Пелистер

Следно

Протести во Рим: „Рамо до рамо“ работници, климатски активисти, комунисти“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian