Поиграјте си со оревите: Кнедли од ореви и печурки

3 mins read

Дали во едно парче, или сецкани и мелени, оревите се особено популарни во вегетаријанската кујна. А со своите позитивни својства наоѓа место во оброците на сечија кујна. Бидејќи во кујната може да се користи на безброј начини, еве ви предлог за еден нов интересен начин како да употребите ореви.

Во подготовката на вегетаријански кнедли, оревите се користат или како состојка што е комплементарна со компири, печурки и спанаќ, или тие се главната состојка што дава доминантен вкус.

Оревите одлично се комбинираат со тестенини, со печурки, се користат во јадења со зеленчук, за рижото, палента, кускус и булгур, а исто така се добри и за полнење лиснато и други јадења од тесто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC Good Food (@bbcgoodfood)

 

Рецепт за кнедли од ореви со печурки

За кнедли (6 лица):

 

600 гр брашно од компири

60 гр скроб

60 гр гриз (или гриз од тврда пченица)

1 јајце

100 гр сецкани ореви

100 гр путер

100 гр мелени ореви

целото јадро од орев за полнење

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dawn Sylvester (@marincountyvegan)

За сосот од печурки:

 

500 гр печурки

1 чешне лук

1 црвен кромид

2 лажици путер

4 гранчиња мајчина душица

1 власец

Сол, бибер, морско оревче

Маслиново масло

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balkazaar.com (@balkazaar_official)

Подготовка

 

Сварете ги компирите во солена вода, оставете ги да се исушат и излупете ги.

Испасирај те го компирот и измешајте го со гриз, скроб, изматено јајце и мелени ореви.

Зачинете ја масата со сол, бибер и морско оревче по вкус и додадете сецкан лист од магдонос.

Од тестото, формирајте кнедли со еднаква големина.

Направете празнина во секоја кнедла со палецот, вметнете јатка од орев во неа, затворете ја и повторно формирајте ја во облик на кнедла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Millie Gorringe (@spicy_mills)

Оставете ги кнедлите да се готват во солена вода 15 минути, внимавајќи водата да не зоврие.

Исчистете го лукот и исечете го на мали парчиња.

Ситно исецкајте го кромидот.

Пржете ги печурките во врело маслиново масло.

Додадете го кромидот и лукот, мајчина душица и путер.

Зачинете со бибер и сол по вкус.

Загрејте го путерот во тава со мелени ореви на висока температура.

Ставете ги кнедлите во путерот и послужете со печурките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DumplingKing (@dumplingking.kl)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонската кошаркарка Кметовска прогласена за МВП на колото во регионалната лига

Следно

Тешко повреден велосипедист во Стајковци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian