Пцовки и напади: Нови детали за тужбите кон Зејн Малик од семејството на Џиџи Хадид

4 mins read

Кој можеше да претпостави дека двојката која интимните разговори „ги водеше на перница“ ќе се соочи со разделба низ тужби? Да, тоа место е „рај, но и воена зона“.

По веста дека Џиџи Хадид и Зејн Малик не се повеќе заедно, излегуваат нови детали на виделина: причината не само што е наводниот напад на Зејн врз мајката на Џиџи, Јоланда Хадид, туку тој сега се соочува и со четири тужби за неговото насилно однесување во текот на немилиот настан.

28-годишната музичката ѕвезда е обвинет дека ја грабнал Јоланда и ја турнал во плакар „предизвикувајќи ѝ ментална и физичка болка“ според полициските извештаи. Целокупно настанот резултирал со четири тужби кон Малик за навреди и физичко насилство, две кон Јоланда, едно кон Џиџи, и едно кон членот на обезбедување кој бил на смена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zayn Malik (@zayn)

На 29 септември полицијата била повикана во домот на Зејн и Џиџи во Пенсилванија, по расправија помеѓу Зејн и Јоланда за 13-месечната ќерка која Зејн ја има со Џиџи, додека Џиџи не била присутна. Зејн за случката единствено признава дека дошно до размена на груби зборови во расправија, но се чини дека тоа е ублажено претставување на вистината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zayn Malik (@zayn)

Според полициските извештаи, Малик ја нарекол Јоланда „е**** холандска ку***“ и ѝ рекол да „се држи подалеку од (неговата) е**** ќерка“, продолжувајќи со непристојни изрази и континуирани пцовки околу начинот на постанување татко и за неговото право над неговата ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @zigi.aeq

Џиџи, која во моментот на расправијата не била во градот, во еден момент била во контакт со нив преку телефон, кога Зејн ѝ се развикал преку телефон дека треба да собере храброст да застане на страната на нејзиниот партнер во нивната куќа наспроти нејзината „е**** мајка“.

За време на инцидентот се обидел да помогне и членот на обезбедувањето Џон МекМахон, кој тврди дека Малик се обидел физички да се пресмета со него. Малик му рекол на Џон да ја напушти неговата куќа навредувајќи ја неговата позиција, а со тоа се стекна со уште една дополнителна тужба.

По немилиот настан на Малик му е кажано да нема контакт со Јоланда или МекМахон, а беше казнет и со една година условна казна, покрај која ќе мора да помине и програма за справување со гнев и домашно насилство . Доколку музичарот ги исполни сите барања и не се соочи со други казни, судијата ќе може да ја намали условната казна на шест месеци.

Џиџи и Зејн не се во брак, но делат една ќерка, Каи, на возраст од 13 месеци. Нивната врска трае веќе 6 години со прекини, но досега Џиџи често го славеше Зејн во социјалмните медиуми, изјавувајќи дека тој е сладок партнер и одличен татко. Се осознава дека Зејн и Јоланда, мајката на Џиџи со која таа е многу блиска, сепак не се поднесувале многу.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Филипче: Воведовме нов метод за лекување пациенти со мозочно крвавење

Следно

Приведен крадец, пронајдени украдените предмети

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian