Ѓоковиќ ги дозна ривалите во Париз, го чека „пекол“ до историската титула

1 min read

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ го потврди учеството на Мастерс турнирот во францускиот главен град.

Заврши одморот за српскиот ас, првиот светски рекет следнат недела ќе учествува во Париз каде ќе се обиде да го освои трофејот и уште еднаш ги помести границите во овој спорт.

Ноле на стартот ќе игра против победникот од мечот Мартон Фучович (Унгарија) – Фабио Фоњини (Италија).

Доколку нема изненадувања, Србинот во четвртфиналето го чека Русинот Андреј Рубљов, а во полуфиналето би можел да игра против Стефанос Циципас од Грција.

На другата страна од жрепката се Германецот Александар Зверев и вториот светски рекет Данил Медведев, па сигурно Ѓоковиќ во големото финале би играл со подобриот од тие двајца.

Доколку Ѓоковиќ оствари добар резултат, без оглед на учинокот на Медведев, ќе остане на првото место на АТП листата до крајот на сезоната.

ФОТО: Најлудиот фан на Ѓоковиќ, ја истетовира најголемата траума на Федерер

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Без проблеми минува гласањето на болните, немоќните, лицата со ковид-19 и затворениците

Следно

Дали визната изолација на Косовците крие матни административни процедури во ЕУ?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian