Настан што го згрози светот: Девојче забременило откако ја силувал дедо ѝ, Католичката црква во Боливија инсистира таа да роди

2 mins read

Судбината на 11-годишното девојче кое забременило откако било силувано од член на семејството, предизвика жестока дебата меѓу активистите за човекови права и Католичката црква во Боливија, додека верските групи се обидуваат да ја принудат да се породи, објави Гардијан.

Девојчето забременило откако таткото на нејзиниот очув неколку пати ја силувал во градот Јапакани, во источниот боливиски регион Санта Круз.

Девојчето живеело со сестрите и нејзиниот 61-годишен очув, кој сега е во затвор поради злосторството, бидејќи нејзините родители работеле во Ла Паз.

Случајот фрли светлина врз празните дупки во државната заштита на жените и девојчињата во Боливија, која има едно од највисоките нивоа на сексуално насилство и семејна злоупотреба во Латинска Америка, и она што некои активисти го нарекуваат „култура на силување“.

Сериозно беше доведена во прашање и интервенцијата на Католичката црква, откако верските групи стапија во контакт со мајката на жртвата и ја убедија да се спротивстави на прекинувањето на бременоста, потег што го принуди омбудсманот за човекови права да покрене правна постапка.

– Девојчето не ни знаело што значи да се биде бремена; ѝ кажала на својата братучетка дека чувствува нешто да и се движи во стомакот. Нејзината братучетка ѝ кажала на нејзината мајка – тетката на девојчето – која пријавила во полиција, рекла Ана Паола Гарсија, извршен директор на една боливиска невладина организација за правата на жените.

Девојчето било однесено во женската болница Перси Боланд во градот Санта Круз, каде според законот требало да ја прекине бременоста како малолетна жртва на силување минатиот петок.

Уставната одлука од 2014 година го направи абортусот легален во случај на силување без потреба да се добие судска наредба, рече Гарсија.

Но, мајката на детето, придружувана од жена која тврди дека е црковен адвокат, интервенирала, велејќи дека девојчето се предомислило, изјавила Гарсија. Девојчето е префрлено од болница и префрлено во центарот за адолесцентни мајки.

– Очигледно постои манипулација на Католичката црква која практично го киднапирала девојчето и ја замолкнала мајката, рече Гарсија.

– Девојчето сега е должно да продолжи со бременоста, што ѝ го става во опасност животот, додаде таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведен крадец, пронајдени украдените предмети

Следно

ВИДЕО | Без проблеми минува гласањето на болните, немоќните, лицата со ковид-19 и затворениците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian