Милан Кучан: Следните избори ќе одлучат за враќање на демократијата, актуелната власт за Словенците е туѓинска

1 min read

Поранешниот претседател на Словенија, Милан Кучан, ја обвини актуелната влада дека е недемократска и очекува дека следните избори „ќе одлучат за враќање на демократијата“, пренесува СТА.

Кучан порача дека Словенците мора да испратат јасна порака дека не се подготвени да го подржуваат начинот на кој владее актуелната влада, која е туѓа за Словенија.

Тој оцени дека Владата ги поткопува Уставот и владеењето на правото и дека навистина целосно го напушта владеењето на правото, што е практика за која рече дека е спротивна на очекувањата на луѓето кога Словенија стана независна.

Тој вели дека пандемијата на Ковид-19 не е изговор за мешање во Уставот, владеењето на правото и човековите права.

– Станува сè појасно дека битката против вирусот беше и параван за сосема различни политички и идеолошки цели – рече Кучан.

Кучан беше првиот претседател на Словенија до 2002 година. Тој се повлече од политиката, но, според СТА, неодамна се појавил на антивладините протести и се верува дека има значително влијание „зад кулисите на политиката“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милиони Европејци бараат да се стави крај на промената од зимското и од летно менување на времето. Еве зошто тоа се уште се менува!

Следно

Магичен ритуал на почеток на ноември: Како да ја искористите младата Месечина за да ви се остварат желбите?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian