Македонската кошаркарка Кметовска прогласена за МВП на колото во регионалната лига

1 min read

Нашата репрезентативка имаше рекордни 39 индексни поени во победата на Бадел 1862 над Партизан во Белград.

Петтиот настап во ВАБА лигата во оваа сезона Ивана Кметовска долго ќе го памети. Во гостинската победа на Бадел 1862 против Партизан 1953 во Белград (73:70), македонското репрезентативно крило беше незапирливо за противничката одбрана. И за првпат го освои признанието за најкорисна кошаркарка – МВП на колото.

На гостувањето во салата „Ранко Жеравица“ Кметовска дојде до индекс – 39, секако, најдобриот во сезоната. Со реализиран 31 поен, го урна клупскиот рекорд, откако шутираше одлични 12/17 за два поени, и уште 7/11 од линијата за слободни фрлања.

Она што посебно е забележливо е дека на тоа придодаде уште 14 скока, две асистенции и по една освоена топка и блокада.

Таа е првата кошаркарка на Бадел 1862 во историјата на регионалното натпреварување со МВП награда. И сето тоа, а малкумина знаат, со сериозна настинка, што го прави ова како вистински играчки подвиг.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Апел за помош: Да ѝ помогнеме на петгодишната Елеонора која се бори со леукодистрофија

Следно

Поиграјте си со оревите: Кнедли од ореви и печурки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian