Израел повторно ја нападна Сирија- ракетираше цели на Хезболах

1 min read

Израел започна да изведува нови напади врз Сирија , а денешното ракетирање дојде откако таа земја неодамна ја обвини еврејската држава дека ја напаѓа нејзината јужна територија

Сириските државни медиуми објавија дека воздушната одбрана на земјата одговорила на ракети истрелани од Израел во правец на предградијата на главниот град Дамаск.

Израел во последните години изврши стотици напади врз воени цели поврзани со Иран во Сирија, но ретко преземаше одговорност за таквите операции.

Целта на најновите напади според израелските воени команданти била базата на милицијата на либанскиот екстремистички Хезболах кој е близок сојузник на Иран, држава која е во војна со Израел

Израелската армија напаѓа конвои со оружје за кое верува дека е наменето за Хезболах, кој се бори на страната на силите на сирискиот претседател Башар Асад во граѓанската војна која неколку години беснее во Сирија.

Израел се обидува да ја попречи консолидацијата на Иран и неговите парамилитарни структури на северната граница на Израел , поради што израелската армија често напаѓа конвои со оружје кои се наменети за борците на Хезболах.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Жените во историјата и историографијата на жените во периодот меѓу двете светски војни

Следно

Во Македонски Брод гласаа 120 болни и изнемоштени граѓани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian