Градското дерби во знакот на КК Работнички, Џексон најдобар против ТФТ

2 mins read

Работнички го одигра можеби офанзивно најдобриот меч досега во првата фаза од првенството, и убедливо го победи ТФТ со 105:92.

Дерби дуелот на ова коло го одбележија различни периоди на добра игра на двата „соседи“ кои своите натпревари ги играат во салата на СРЦ „Кале“ – Скопје.

По израмнетата и ефикасна прва четвртина во која ниту еден од ривалите не направи сериозна предност, работите почнаа да се менуваат во втората. Веројатно една од најдобрите, напаѓачки, на Работнички во овој уводен дел од сезоната. 10 минути во кои домаќините реализираа 34, а примија само 20 поени. За убедливи 62:49 на полувремето.

Онаа наредната им припадна на гостите, макар делумно вратија дел од таа двоцифрена негатива. Беа на минус 7, (78:85) по три четвртини. Таа последната беше резервирана за драма.

ТФТ притисна уште повеќе дојде во ситуација да направи комплетен пресврт. Но, се чини дека тројката на одлука дојде на 02:27 минути пред крајот на средбата. Ја постигна Марковски (негов 20 поен), за „стотка“ и недостижно водство на Работнички од 100:92.

Џексон Пол со 29 коша беше прво име во победничката екипа која сега е на скор 4-1 каков што на спротивната страна има и ТФТ каде Александар Костоски заврши со 25 поени и осум асистенции, а Хортон запиша 22.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 5. КОЛО

КОЖУВ – ФЕНИКС 2010 91:83

РАБОТНИЧКИ – ТФТ 105:92

АНГЕЛИ – ГОСТИВАР 74:88

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 76:99

31 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):

19.30 часот ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ПЕЛИСТЕР

1 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

19.00 часот КУМАНОВО 2009 – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП

Табела: Гостивар 9 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 9, ТФТ 9, Работнички 9, Пелистер 8, Феникс 2010 7, ФМП Академија 6, МЗТ Скопје Уни Банка 6, Кожув 6, Еуро Никел 5, Куманово 5, Ангели 5

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ДИК: Ден пред изборите гласаа 6710 болни, немоќни, лица со Ковид-19 и затвореници

Следно

ФОТОГАЛЕРИЈА+РЕЦЕПТИ | Со вкус на есен, ремек делата на Димитар Апостолов: намирници наместо сликарско платно, колачи наместо уметнички слики

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian