ФОТО+ВИДЕО: И без Куман продолжуваат маките на Барселона во шпанската „Ла Лига“

3 mins read

Во првиот натпревар по отказот на Роналд Куман, екипата на Барселона не покажа дека е на вистинскиот пат.

Каталонците не успеаја да го победат ни Алавес на „Камп Ноу“ со привремениот тренер Сержи Бархуан, а воедно поради повреди загубија уште тројца играчи. Натпреварот заврши 1:1 и Барса веќе заостанува осум бода зад лидерот Реал Мадрид.

После не толку интересно прво полувреме, Мемфис Депај со прекрасен удар во 49 минута донесе водство за домаќините. Но, Луис Риоха израмни три минути подоцна. Депај ја погоди пречката и пропушти уште една убава можност и домаќините не успеаја да стигнат до нов гол.

Состојбата со повредените продолжува да се комплицира. Во својот втор натпревар како стартер, Серхио Агуеро го напушти теренот непосредно пред паузата, а во вториот дел поради повреди беа заменети Жерар Пике и Нико Гонзалес. Тие можат да се надополнат на списокот со повредени, во кој се и Сержи Роберто, Ансу Фати, Педри, Мартин Брајвајт и Френки де Јонг.

Ова е најлошиот старт на Барса во шампионатот од сезоната 2002/2003 со 16 бодови од 11 натпревари.

Се одиграа уште два меча од 12 коло во шпанската „Ла Лига“, Севиља триуфираше над Осасуна со 2:0, а со истиот резултат Валенсија беше подобра од Виљареал.

ВИДЕО: Храбриот Елче падна пред Реал, Винисиус е во одлична форма

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТОГАЛЕРИЈА+РЕЦЕПТИ | Со вкус на есен, ремек делата на Димитар Апостолов: намирници наместо сликарско платно, колачи наместо уметнички слики

Следно

Како Миа Чичкариќ научи да живее со јувенилниот дијабетес: Веднаш по излегувањето од болница научив сама да си ги боцкам прстите!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian