ФОТО | Скриена, но сите ја знаат: Исконски иконски бурек ќе јадете во оваа скопска пекарница

1 min read

Бурек – пет букви, еден збор, најдобар пријател на ранобудните, а љубовник на ноќните птици. Бурек. Ах, бурек!

Секоја култура има свои оброци – идоли кои ја симболизираат. Еден од нашите е бурекот. Сме го наследиле од Отоманската кулинарска традиција и низ вековите го имаме персонализирано за наш вкус.

Ја посетивме пекарата „Флорида“ на пазарот „Буњаковец“ , создадена од двајцата браќа Бектеш и Мурат, која ги сведочи доаѓањата и проаѓањата на муштериите и пазарџиите цели 23 години. Американско име, супермакедонски гастрономски мајстории.

Бурекот направен во оваа пекарница го бие толку добар глас што не можевме да оддолееме, па, да, го пробавме!

буњаковец пазар
Бектеш – Бурекџилница , Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски

Толку се прочуени баничките тука, (освен бурекот) што пекарата дури си „стои“ на пазарот без видливо име, ама сите знаат која е, каде се „скрила“ и какви деликатеси таму нè чекаат…

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рекорден број новозаразени во Грција од почетокот на пандемијата, се зголемува притисокот врз здравствениот систем

Следно

Милиони Европејци бараат да се стави крај на промената од зимското и од летно менување на времето. Еве зошто тоа се уште се менува!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian