ФОТО | Мадона повторно шокира: „Madame X“ е Мерлин Монро на смртна постела, во борба контра контроверзата

3 mins read

„Уметниците се тука да го вознемират мирот“, а според Мадона ака „Madame X“ мирот во време на пандемија кога милијардеите ја распаруваат економијата во секој сегмент од живеењето буди потреба за вознемирувачко уметничко дејство. Еден начин на размрдување на сцената за Мадона е оживувањето на чувствата и сцената на смртта на легендарната Мерлин Монро.

Мадона не престанува да изнаоѓа начини да шокира, вознемирува, буди и дискутира за актуелни теми кои ги надминуваат музиката, естетиката и уметноста. Овој пат се одлучи да проговори низ сликата на легендарната Мерлин Монро, особено низ призмата и објективот на нејзината посмртна слика, посочувајќи на фрапантната потреба да се зборува за контроверзите, што одблиску ја допира нејзината „Мадам X“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Насловното интервју за магазинот „V“ вклучува интервју помеѓу неповторливата Мадона и писателот Џереми О’Харис, во кое се дискутираат бројни контроверзни теми, а пејачката ги допира без грам воздржаност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Интервјуто е надополнето со уште поконтроверзна фотосесија инспирирана од сесијата „The Last Sitting“ на Берт Стерн, за која се верува дека е последната фотосесија на Мерилин Монро, шест недели пред нејзината смрт од предозирање со апчиња за спиење во 1962 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

63-годишната музичка икона непрекинато зборува за културата на анулирање и за тоа колку тоа е всушност застрашувачко што таа зема замав во ова секојдневие, и се обидува да ги охрабри луѓето да се погласни за своите мислења и потреби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Фотографиите наидоа на остра критика од публиката, која занемарувајќи ја идејата на уметницата го зазема ставот дека е морбидно да се претстави и адресира смртта на ѕвездата Монро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

На фотографиите Мадона се појавува во разголени изданија каде делува повеќе на 33 отколку 63 годишна, а на една од фотографиите дури и е легната со лицето надолу, не носејќи ништо освен мрежасти хулахопки, „Loubutin“ стилето потпетици, златно ланче со привезок во облик на крст, и една висока ракавица накитена со пројни прстени и бразлетни.

Во низата фотографии Мадона парадира корсети, крзна, дијаманти и бисери, отсликувајќи го луксузот во контраст на темите кои ги дискутира во насловното интервју.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Фрајбург сонува ЛШ, Баерн го заборави срамот и пукна „петарда“

Следно

Талибанците убија две лица бидејќи пуштале музика на свадба

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Успехот во економијата на оваа криминална власт предводена од СДСМ и ДУИ е четвртото место за Македонија на ранг листа за мерење во Европа со 16% инфлација

Катастрофата во справувањето со економската криза на неспособната власт на СДСМ ја плаќаат граѓаните. За месец

MacedonianEnglishAlbanian