ФОТО | Филипче: Воведовме нов метод за лекување пациенти со мозочно крвавење

1 min read

На Универзитетската клиника за Неврохирургија е воведена нова метода во лекување на лекување на пациенти со мозочно крвавење, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.

– Утрово на УК за Неврохирургија, воведовме нова метода во лекување на пациенти со мозочно крварење. Операцијата ја направивме со новиот иновативен уред- дволуменски систем кој истовремено овозможува следење на интракранијалниот притисок, испирање на коморниот систем на мозокот и дренажа на цереброспиналната течност. Овој систем веќе континуирано се употребува во секојдневната клиничка пракса во неколку земји во светот како САД, Германија, Португалија и Холандија. Од денеска овој иновативен уред се става во континуирана употреба и на Клиниката за Неврохирургија, а ние сме единствена земја во Југоисточна Европа каде ќе се врши оваа метода. Во операцијата ми асистираа моите колеги неврохирурзи д-р Владимир Рендевски директор на Клиниката и д-р Благој Шунтов. Благодарност до целиот медицински персонал на Клиниката кои беа дел од овој иновативен зафат. На пациентот му посакувам побрзо опоравување и многу здравје, стои во објавата на министерот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Г-20: САД ќе го покренат прашањето за рамнотежата на светските енергетски пазари

Следно

Пцовки и напади: Нови детали за тужбите кон Зејн Малик од семејството на Џиџи Хадид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian