ФОТО | „Доаѓа катастрофа, време е да се дејствува“: Активисти за заштита на животната средина се обидоа да ја блокираат улицата на Самитот на Г20

1 min read

Околу 50 еколошки активисти утринава го блокираа сообраќајот во Рим преку протест со седење на улицата Кристофер Колумбо, која води до Конгресниот центар Нувола, каде што се одржува Самитот на Г20.

Според агенцијата АНСА, полицијата веќе ја ослободила централната лента од активисти на Климатскиот камп, но демонстрантите продолжиле да ги заземаат страничните ленти, седејќи или лежејќи на асфалтот.

На самото место има оклопни возила и опрема за контрола на немири.

„Доаѓа катастрофа, време е да се дејствува“ и „Од Рим до Глазгов, вашите иницијативи се проблемот“ се дел од слоганите што ги извикуваа активистите на Климатскиот камп, кои во меѓувреме организираа марш во придружба на полицијата.

„Одиме кон министерството, кое е пример за тоа што не сакаме. Еколошки лажна транзиција“, рече еден од демонстрантите. „Ако климатската ситуација не се промени, ќе ги блокираме градовите“, извикуваа демонстрантите.

Во меѓувреме, властите наредија да се затвори воздушниот простор над Рим за време на самитот. Безбедноста ја обезбедуваат 10.000 полицајци, а за контрола на областа се користат дронови. Под силно обезбедување се областите на амбасадите и хотелите каде што се сместени делегациите, како и местата каде ќе се одржуваат ручеци и вечери. Затворени се 14 метро станици, а ограничен е пристапот до археолошките локалитети и музеи.

Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI
Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI
Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI
Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фото и Видео: Време е за шопинг, Скопје го доби најголемиот мол во регионот

Следно

Апел за помош: Да ѝ помогнеме на петгодишната Елеонора која се бори со леукодистрофија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian