Зејн Малик ја удрил мајката на Џиџи Хадид, Јоланда: Дали ова значи нивно разделување?

1 min read

Се појавија вести околу славниот пар Зејн Малик и супермоделот Џиџи Хадид дека ќе се разделат по шест години врска.

Зејн и Џиџи заедно ја имаат ќерката Каи, која се роди минатата година во период на ковид – 19.

Според неофицијалниот извор, парот ќе се раздели поради една причина – Зејн ја удрил мајката на Џиџи, Јоланда Хадид. Подоцна Зејн ги негираше овие гласини. Изворот вели дека Јоланда размислувала за поднесување полициска пријава против Зејн, затоа што наводно ја удрил. Зејн „одлучно“ ја демантираше изјавата на Јоланда дека воопшто дошло до таков инцидент.

Зејн Малик се огласи и на социјалните мрежи и напиша долга објава во која се објаснува целата контроверзија. Тој на Твитер-профилот напиша дека нешто се случило откако Јоланда дошла кај нив дома, додека Џиџи била отсутна, но не откри што.

„Упорно порекнувам дека ја удрив Јоланда Хадид и поради мојата ќерка одбивам да давам било какви детали и се надевам дека Јоланда ќе ги преиспита своите лажни изјави и ќе ги решиме овие семејни проблеми во четири очи“ – изјави за изворот „Е!“

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонските репрезентативци во традиционално карате на Европскиот шампионат во Белград

Следно

Фотографија од скопски Трнодол од минатиот век, бараките беа белег на населбата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian