Во Србија со корона се заразени околу 5.000 ученици

2 mins read

Српскиот министер за образование, наука и технолошки развој, Бранко Ружиќ, изјави дека околу 5.000 деца на училишна возраст се заразени со коронавирус, што е околу 0,6 отсто и оцени дека состојбата не е алармантна.

 

-Што се однесува до образовниот систем, сепак тврдам дека состојбата според бројките воопшто не е алармантна, но точно е дека има поголем број заболувања кај децата и поголем број приеми од страна на педијатрите – изјави Ружиќ за РТС.

Тој кажа дека е одржан состанок на училишниот тим, со медицинскиот дел од Кризниот штаб за мерките што можат да направат „прекин“ кога е во прашање образовниот систем.

-Вирусот влегува во образовниот систем однадвор, а не обратно, а тоа се гледа по бројките – додаде Ружиќ.

Тој посочи дека еден од моделите е воведувањето на онлајн-наставата, но дека се уште не се одлучиле.

Запрашан дали очекува со продолжување на распустот да се прекине преносниот синџир на трансмисија, Ружиќ оцени дека е убеден дека тоа е доволно, како и дека е точно она што го кажуваат епидемиолозите.

-Овој синџир на трансмисија не се случува во образовниот систем, се случува кај општата популација надвор од образовниот систем, но секако овој прекин ќе помогне, како и примената на ковид пропусниците, да се искористи на најдобар можен начин и да се видат ефектите од тоа воведување во однос на зголемувањето на бројот на вакцинирани – истакна Ружиќ.

На прашањето како да се влијае на родителите кои не пријавуваат дека нивните деца се заразени, Ружиќ кажа дека на секој начин се обидуваат да допрат до нив.

-Мислам дека ако има такви родители, тоа не е предмет на работа на Министерството за образование. Мое лично мислење е дека ваквото неодговорно однесување навистина заслужува санкција, а ние не ги санкционираме родителите – потенцира Ружиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Димитријевиќ ќе ги пропушти првите натпревари од квалификациите за Мундобаскет

Следно

ФОТО | Малер врз малер: На Николина Пишек ѝ го украле луксузниот автомобил, крадците се возеле цела вечер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian