ВИДЕО | Проф. Трајковски: Да имавме поголема стапка на вакцинација немаше да треба да се грижиме

2 mins read

Дејан Трајковски, професор на УКЛО, е човек кој во изминатите две години се промовираше како главен објаснувач на статистиките кој ни дава добри анализи за состојбата со ковид.

Опкружени сме со голем тренд на зголемување на бројот на болни, здравствените системи се пред колапс. Кај сега нас не е така.

-Делта сојот стаса порано кај нас, а некаде веќе и заврши како во Гостивар на пример. Забележуваме дека во последните два дена почна да се намалува ефективниот репродукциски број. Не верувам дека ќе запре преносливоста на вирусот затоа што имаме олеснување на мерките и отворање на објектите. Можеби овие два дена трендот се должи на намалување на бројот на тестирања. Но, стапката на позитивни тестови сепак не се намалува, изнесува некаде околу 16%. Треба да почекаме неколку дена да се стабилизира бројот на тестирања, а јас очекувам зголемување, не драстично, но зголемување на бројот на заразени, вели проф. Трајковски.

Тој вели дека ефективноста на вакцините го прикажува намалувањето на ризикот од заразување и ризикот од смртност кај заразените. За жал, ефективноста на заразување е голема, но смртноста е намалена кај вакцинирани лица. Ние имаме премал опфат на вакцинирани лица. Да имавме опфат од околу 70% тогаш немаше да треба да се грижиме, ги коментира статистиките проф. Трајковски.

Д-р Никола Пановски за Утрински брифинг изјави дека младата популација одамна го има прележано вирусот и дека затоа не се шири масовно вирусот кај таа популација.

-Вакцините ја намалуваат смртноста со тоа што ја намалуваат веројатноста за хоспитализација. За жал Македонија е прва во светот по број на починати. Ние веќе немаме со кого да се споредуваме, го надминавме бројот од 6000 починати, кој го имаше Перу но таму трендот престана. Особено е алармантен бројот од 61% хоспитализирани со делта сојот што починале, вели за Утрински брифинг проф. Дејан Трајковски.

Целиот разговор и толкувањето на графиконите во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Андоновиќ: ЕУ ѝ „држи пиштол на слепоочницата на Полска“, Варшава пак на Белорусија?

Следно

Интер донесе одлука во врска со Ериксен кој колабираше на Европското првенство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian