ВИДЕО: Пример за наместен фудбалски натпревар, контроверзен момент во Романија

1 min read

Досега сме имале можност да гледаме навистина сè на фудбалските терени, од сомнителни ситуации, смешни голови, чудни одлуки на судиите, брутални фаули, а сега имаме видео од Романија кое може да се смести во категоријата најконтроверзни моменти.

Станува збор за осминафиналниот меч од романскиот Куп каде Бузау и Дунареа Калараши ги одмерија силите, а натпреварот заврши со резултат 3:0 за домашните играчи.

Последниот гол на овој натпревар предизвика голема бура од коментари на социјалните мрежи, а кога ќе го погледнете видеото ќе ви биде јасно зошто.

Се чинеше дека противничкиот играч не сакаше да ја спречи топката да влезе во мрежата. Иако можеше да го направи тоа, топката за некое чудо помина нозете на играчот и заврши во мрежата.

Погледнете како изгледаше сето тоа на видео записот, можеби навистина „требало“ да заврши „3+“ од обложувачки аспект:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арсовска: Шуто Оризари ќе се развива рамномерно како сите останати скопски општини

Следно

Бугарски војник пронајден мртов во Сараево

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian