ВИДЕО: Дончиќ е НБА чудо и кандидат за МВП – сам направи пресврт против Спарси

1 min read

Кошаркарите на Далас доцна синоќа го совладаа Сан Антонио со 104:89 и дојдоа до третата победа во НБА сезоната, а до триумфот повторно беа предводени од одличниот Лука Дончиќ.

Маверикси на домашен терен славеа после пресврт во самиот финиш од средбата, а клучна улога одигра Словенецот Дончиќ.

Го заврши дуелот како најефикасен со 25 постигнати поени, запиша и пет асистенции и три скока.

На спротивната страна прв стрелец за Спарси беше Деџонте Мари со „дабл-дабл“ учинок од 23 поени и 10 скока.

НБА лига, резултати:

Филаделфија – Детроит 110:102
Вашингтон – Атланта 122:111
Чикаго – Њујорк 103:104
Хјустон – Јута 91:122
Далас – Сан Антонио 104:99
Голден Стејт – Мемфис 101:104 (98:98, по 1. продолжение)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Серија земјотреси регистрирани на границата со Албанија

Следно

Доктор Маја Кирјас: Затнатиот нос е „пријател“ на синузитот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian