Стефковски: Нов хемиски отпад во Општина Гази Баба нема да има!

1 min read

Новиот градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска донесе Решение за запирање на постапката за одобрување на три урбанистички проекти кои не се дел од урбанистичкиот план на општината.

Стефковски ги информираше граѓаните за одлуката преку неговата официјална фејсбук страница.

-Реализирано уште едно ветување. Нов хемиски отпад во Општина Гази Баба нема да има! Во изминатите неколку дена заедно со стручни лица од областа на урбанизмот и заштитата на животната средина спроведовме ревизија на постапката и содржината на три урбанистички проекти, по што утринава потпишав Решение за запирање на постапката за одобрување на три урбанистички проекти вон опфат на урбанистички план. Дадов збор за време на кампањата и денес тоа го реализирав. Заштитата на животната средина е на врвот на моите приоритети,  порача Стефковски.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | Бизарно: Се фотографирала во секси поза покрај ковчегот на починатиот татко

Следно

Најпознатите светски плагијатори: Укралe докторски трудови, останалe без функции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian