Шкупи „гази“ во Првата лига, пукна „петарда“ во мрежата на Брегалница

1 min read

Се одигра првиот натпревар од 12 коло во Првата македонска лига, Шкупи како домаќин со убедливи 5:0 славеше над Брегалница од Штип.

Тоа е веќе осма победа по ред за клубот од Чаир и моментно прво место во генералниот пласман со 29 бодови, осум повеќе од второпласираната Ренова која има меч помалку.

Гол серијата ја стартуваше Цветаноски во осмата минута, после половина час игра за зголемување на предноста се погрижи Рватубјаје, интернационалецот од Руанда.

На пет минути пред паузата Нигериецот Адетунџи стрелаше и за 3:0 тука веќе сите дилеми беа решени околу победникот.

Во второто полувреме домаќините постигнаа уште два гола, Цветаноски во 61 минута и по вторпат се запиша во листата на стрелците, а конечниот епилог интернационалецот од Костарика Алварез го постави 180 секунди подоцна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поткуп од ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица за глас за нивниот кандидат

Следно

Кривокапиќ: Во Белград нема да го потпишам договорот со СПЦ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian