Серија земјотреси регистрирани на границата со Албанија

1 min read

Четири земјотреси од кои најсилниот со интензитет во епицентарот од 4,7 степени според Рихтер се почувствувани изутринава во западниот дел на земјава. Првиот земјотрес бил во 8.05 часот со интензитет од 3,3, вториот од 2,7 степени бил четири минути подоцна, третиот и најсилен во 8.10 часот, а последниот од 3,6 степени во 8.11.

Според податоците од Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресите бил на 18 километри западно од Центар – Жупа и 49 километри североисточно од Тирана, на длабочина од 10 километри.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трамп изрази револт поради издавањето на првиот американски пасош со „Х” за третиот пол

Следно

ВИДЕО: Дончиќ е НБА чудо и кандидат за МВП – сам направи пресврт против Спарси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian