Поткуп од ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица за глас за нивниот кандидат

1 min read

Денеска во 11:50 часот 19 годишно машко лице од с.Цера, Македонска Каменица во Полициското одделение Македонска Каменица пријавило кривично дело по чл.162 ст.1 од КЗ на РСМ.

Имено, според пријавата, тој, непосредно пред пријавувањето, бил повикан во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, каде од страна на В.В.од М.Каменица му биле дадени 1000 денари за да гласа за кандидатот за градоначалник од таа политичката партија.

Известен е Јавен обвинител, а В.В. е повикан во ПО Македонска Каменица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Најпознатите светски плагијатори: Укралe докторски трудови, останалe без функции

Следно

Шкупи „гази“ во Првата лига, пукна „петарда“ во мрежата на Брегалница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian