Поранешниот У17 репрезентативец Секулов потпиша нов договор со Јувентус

1 min read

Никола Секулов (19) останува верен на „Старата дама“ и ја продолжи соработката со италијанскиот фудбалски гигант до 30 јуни 2025 година.

Талентираниот играч за врска во нападот своевремено ги бранеше боите на македонската У17 репрезентација.

Од 2018 година започна да настапува за италијанската репрезентација до 17 години, а во 2019 година со оваа селекција играше и на Европско првенство на кое стигна до финалето. Веќе има и настапи за У18 и У20 репрезентацијата на Италија.

На клупски план пред да ги брани боите на У17, У19 и У23 тимот на Јувентус, беше дел од младинските екипи на Про Пјаченца, Парма и Пјаченца.

Денеска Секулов го потпиша новиот договор со Јуве, за него ова е остварување на сонот и ќе го дава максимумот на секој натпревар за да се оддолжи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Sekulov (@nikosekulov)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Касами: Прво ќе го исчистиме ѓубрето од Тетово, почнувајќи со Теута Арифи

Следно

Сродните души на хороскопските знаци: Како да ги изберете?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian