Од Париз кон историја: Рекорди кои Ѓоковиќ ги брка на Мастерс турнирот

1 min read

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра на Мастерсот во Париз, каде покрај шансата да го обезбеди првото место на крајот од годината и така влезе во историјата на овој спорт, ќе ја има и можноста да се постигне уште неколку подвизи.

Потсетуваме, оваа година титулата најдобар на крајот од сезоната ќе ја понесе оној кој ќе победи во АТП трката (играчот со најмногу бодови во календарската година), а српскиот ас таа награда би ја обезбедил со евентуален триумф во Париз, и на тој начин влезе во историјата како единствен играч кој седум пати успеал во тоа.

Исто така, Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои својата 37 мастерс титула во францускиот главен град и со тоа да биде осамен на вечната листа на турнири од серијата 1000, моментно го дели првото место со Рафаел Надал.

Она што Србинот ќе брка во Франција се и бодовите, кои вртоглаво ќе го задржат на тронот, во борбата по бројот на недели поминати на АТП ранг листата. Во машка конкуренција Ѓоковиќ досега на врвот е 344 недели, а пред него е само славната германска тенисерка Штефи Граф која вкупно 377 недели беше на светскиот врв.

На Мастерсот во Париз најголеми ривали на Ѓоковиќ ќе му бидат Данил Медведев, Стефанос Циципас и Александар Зверев, а опаснува се закануваат и останатите како Беретини, Рубљов, Синер и други млади тениски надежи.

ФОТО: Најлудиот фан на Ѓоковиќ, ја истетовира најголемата траума на Федерер

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугари делат книга на Шапкарев во поштенски сандачиња низ Скопје, велат дека нема врска со изборите

Следно

Модата и филмот – љубов потрајна од пуканките

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian