Нови немири во Јемен, балистичка ракета усмрти 11 цивили

1 min read

Најмалку 11 цивили, меѓу кои жени и деца, загинале откако балистичка ракета истрелана од јеменските бунтовници Хути погоди куќа во централната јеменска провинција Мариб, соопштија денеска безбедносните власти.  

Жртвите припаѓаат на семејството на племенскиот лидер, кој живеел во станбениот дел на Ал-Аумд, пренесе АП.  

Најмалку 11 куќи биле оштетени, а 16 цивили биле повредени во нападот во четвртокот, соопштија официјални лица. 

Хутите со години се обидуваат да го преземат богатиот со нафта Мариб со цел да ја комплетираат контролата над северната половина на Јемен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вработен во обезбедување на училиште нападнал работници

Следно

Спасов: Има индиции дека Данела му е подметната како кукавичко јајце на Мицкоски од бугарските служби

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian