На 35 Европски шампионат во традиционално карате кој ќе се одржува во српскиот главен град Белград (29-31 октомври 2021 година) ќе учествува и македонската репрезентација.
Нашата земја на овој настан во сениорска конкуренција ќе ја претставуваат Дејан Недев, Јадранка Недева и Бојан Богдановиќ.
Во јуниорска конкуренција ќе партиципираат Максимилијан Глигоров, Антонија Белазелкоска и Иван Пиневски пренесуваат од МТКФ.
Мила Младеновска ќе учествува во кадетска конкуренција, а во конкуренција на деца Борјан Синадиновски, Марта Димовска, Софија Јарчевска, Камелија Недев и Матеј Мангаровски.