Касами: Прво ќе го исчистиме ѓубрето од Тетово, почнувајќи со Теута Арифи

3 mins read

Претседателот на Беса и кандидат за градоначалник на Тетово, Биљал Касами, вечерва од завршниот митинг во градот се обрати со остра реторика кон неговата противкандидатка, актуелната градоначалничка од ДУИ, и им порача на членовите и симпатизерите дека во недела, на вториот круг од локалните избори, тие „прво ќе го исчистат ѓубрето од Тетово, почнувајќи со Теута Арифи“, како и дека „ќе ѝ го одземат градот и ќе им го вратат на граѓаните“.

„Во недела волјата на тетовчани ќе биде против Теута Арифи. Тука сме за да кажеме дека еднаш засекогаш за четири години ќе го решиме проблемот со вода за пиење, ќе го исчистиме целото ѓубре, ќе го направиме Тетово чист град, прво ќе го исчистиме ѓубрето од Општина Тетово, почнувајќи од Теута Арифи. Заслужуваме урбан град, да имаме урбанистички план, по кој ќе се градат нашите куќи, нашите бизниси, и ќе бидеме раат. Секој Албанец, Македонец, Ром, Турчин и секој граѓанин, без разлика на нацијата ќе живее во Тетово и ќе ја градиме нашата иднина во урбанизиран град, уреден со паркови, место за рекреација на секој жител, за младите за возрасните, за луѓето во поодминати години, кој со радост ќе шета по улиците на градот, рече Касами.

Според него, управувањето на општината ќе биде заедно со граѓаните, за да може да се врати, како што рече, изгубеното време за изминатите осум години.

-Само така заедно во недела, и од понеделник ќе бидеме на чело на општината, зошто Тетово ќе и се одземе на Теута Арифи и ќе се врати на граѓаните на Тетово. Теута Арифи не направи ниту еден проект за да ги задржи младите тука, затоа ние сме внимателни, секој млад со идеја за бизнис, да му ги овозможиме сите административни процедури, за да почне со бизнисот и за да ја обезбеди својата иднина тука. Од понеделник ние заедно ќе го управуваме овој сакан град, ќе ги реализираме сите проекти заедно за нашата иднина и иднината на нашите деца. По 4 години ќе зборуваме повеќе за култура, за наука, за животот на младите, да зборуваме повеќе за европски услови за живеење, не за европско Тетово на Теута Арифи, туку за европско Тетово какво ние сакаме, истакна Биљал Касами.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Во раскошниот двор на Вики Чадиковска: Цитрусните растенија се мојот следен предизвик

Следно

Поранешниот У17 репрезентативец Секулов потпиша нов договор со Јувентус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian