Идеја за калоричен, а вкусен оброк– сендвич со лосос и крем сирење

1 min read

Една од подобрите комбинации за сендвич во њујоршки стил е оној познат bagel, или земичка полнета со крем сирење и свеж лосос и копар, кој е дел од утринските стандарди за појадок.

Ние немаме њујоршки пекарници, ама можеме да си направиме ваков сендвич и да го уживаме во потполност. Се прави брзо, а вкусот е интензивен, но единствен.

 

Потребни состојки за 2 сендвича:

  • 1 багет лепче
  • 100 гр пакување лосос (можете обичен или димен)
  • 200 гр крем сирење
  • копар
  • 2 лажици маслиново масло
  • неколку листови свежа марула

Подготовка:

Багетот поделете го ферски на половина и пресечете го по должина.  На страна промешајте го крем сирењето со маслиново масло и додајте го копарот (ако имате свеж, уште подобро). Добро премачкајте ги парчињата од двете страни со крем сирење и наредете листови свежа марула и одозгора лососот. Најбрз оброк, нели?

Уживајте!

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Босанските Срби одат на самоопределување?- Бања Лука, главен град , Пале престолнина на Република Српска

Следно

По цел месец предизборни ветувања, во недела вечерта веќе ќе се знае кој ќе го води Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian