И рекле дека паднала на испит, па се самоубила, потоа се дознало дека всушност положила

1 min read

Студентката Маред Фолкс се самоубила откако по грешка и кажале дека паднала на испит и дека поради тоа нема да може да запише трета година на факултет.  

Фолкс (21) студирала фармација на Универзитетот во Кардиф во Велс и го положила тестот на кој првпат паднала, но резултатите од првиот тест ги добила само по електронска пошта. 

За време на истрагата, нејзината мајка изјавила дека „огромниот“ недостаток на помош од универзитетот директно довел до нејзината смрт, пренесува Би-Би-Си.  

Вечерта, откако ја добила електронската пошта, се упатила до мостот „Британија“, каде што било пронајдено нејзиното тело. Следејќи го својот заклучок за самоубиството, истражувачката Кејти Сатерленд смета дека системот на Универзитетот во Кардиф за информирање на студентите за нивните резултати може да биде збунувачки. 

Таа ќе се обрати до универзитетот за да побара од нив да размислат за итни подобрувања, како и дали студентите можат да добијат поголема поддршка од нивните ментори.  

Родителите на жртвата се во шок. 

„Во фотоалбумите имаме само спомени, како и сеќавања за нашето мало девојче“, изјавија Јона и Глингн Фолкс

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сродните души на хороскопските знаци: Како да ги изберете?

Следно

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ остави едно грдо наследство во Скопје, наследство на кич, барок и корупција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian