Гвардиола не верува дека ќе го води Манчестер сити уште пет години

1 min read

Шпанскиот менаџер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола не мисли дека ќе ја достигне бројката од 400 натпревари на клупата на клубот од „Етихад“.

Дуелот против Кристал Палас ќе му биде јубилеен 200 како менаџер на Сити, тоа го постигна за пет години откако стигна.

Шпанецот доби прашање од новинарите дали верува дека ќе помина уште пет години на клупата, еве што одговори:

– Не верувам – кратко одговори Гвардиола и ги натера медиумите да шпекулираат за неговата иднина.

Со екипата успеа трипати да ја освои Премиер лигата, еднаш ФА Купот, четири пати Лига купот, двапати Комјунити Шилд, а беше финалист во Лигата на шампионите минатата сезона.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Села: Заев тоне, од понеделник почнуваме со процесот за ново парламентарно мнозинство

Следно

ФОТО | Во раскошниот двор на Вики Чадиковска: Цитрусните растенија се мојот следен предизвик

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian