Градоначалникот на Лондон бара враќање на мерки против коронавирусот

1 min read

Градоначалникот на Лондон Садик Кан денеска ја повика Владата да усвои мерка со која ќе биде задолжително носењето епидемиолошки маски во јавниот превоз, бидејќи во Велика Британија во просек има повеќе од 40.000 потврдени случаи на коронавирус дневно.

Владата на премиерот Борис Џонсон досега се спротивставуваше на воведувањето на таканаречените мерки од планот Б, што би довело до повторно воведување задолжително носење маски за лице во затворени простории, заедно со упатства за работа од дома и користење Ковид пропусници.

Британските медиуми јавуваат дека Кан ги повикал жителите на Лондон да се вакцинираат против коронавирус и грип, со цел да се заштити здравствениот систем во текот на претстојната зима.

Тој во соопштение наведува дека смртоносниот коронавирус не исчезнал и дека се очекува Британија оваа зима да се соочи и со грип и со Ковид

www.slobodenpecat.mk

Претходно

По цел месец предизборни ветувања, во недела вечерта веќе ќе се знае кој ќе го води Скопје

Следно

ОМО Илинден Пирин: Малцинство во Устав не е право, туку ретка привилегија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian