Жителите на градот во американската сојузна држава Кентаки биле шокирани од фотографиите на кои се гледа како учениците танцуваат во скутот на наставниците и директорот (кој е и градоначалник) за време на училишна претстава.
Фотографиите првично беа објавени од самото средно училиште Хазард на својата Фејсбук страница, но подоцна беа отстранети, пишува Дејли Мејл.
Учениците танцувале и во скутот на директорот
Фотографиите покажуваат како дел од учениците се облечени како келнерки и носат алкохол во рацете, а други облечени во мрежести чорапи кои танцуваат во скутот на директорот Доналд Мобелини.
Шефот на училишната област Сузан Комбс рече дека е започната истрага за инцидентот.
„Инцидентот е под истрага и затоа не можам да дадам повеќе информации. Кога истрагата ќе заврши, ќе преземеме соодветни мерки“, рече Комбс.
Мобелини двапати бил под истрага во 2008 година за инцидент со алкохол во кој учествувале и студенти.