Пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување во заедничка акција со пиротехничарите на АРСМ и МВР денеска на армискиот полигон Криволак уништија неексплодирани убојни средства (НУС).
-Уништувањето на НУС е комплексна операција која се одвива согласно Стандардна оперативна процедура за прифаќање, транспорт и уништување, посочуваат од ДЗС.

Во оваа акција се работи за неексплодирани убојни средства од различен калибар кои се пронајдени од страна на пиротехничарите на повеќе локации во Македонија како и други неексплодирани средства кои се запленети од страна на Министерството за внатрешни работи.